БиХ: Претреси на 11 локации

Кантонското обвинителство во Сараево потврди дека еден од објектите што се пребаруваат е Музејот за злосторства против човештвото и геноцидот во Сараево, јавија сараевски медиуми.

138

Како дел од акцијата „Мемори“, Федералната полициска управа утрово спроведува претреси во три кантони во БиХ и на 11 локации заради здружување за кривично дело и злоупотреба на службената должност или овластување.

Кантонското обвинителство во Сараево потврди дека еден од објектите што се пребаруваат е Музејот за злосторства против човештвото и геноцидот во Сараево, јавија сараевски медиуми.

Како што се наведува, претресите се вршат на 11 локации во кантгонот Сараево, Херцеговско-Неретванскиот кантон и кантон Тузла.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...