Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан (35) објави фотографија со едногодишната ќерка Тру Томпсон, а сите ги шокираше изобличениот израз на лицето на Клои. Таа позира пред огледалото додека во раце ја држи ќерка си. Тоа што прво паѓа во очи покрај преслаткото девојче, е тоа што Клои едвај може да се насмее.
На лицето на Клои се пренагласени јаболчниците, а носот е толку прчест што изгледа потполно неприродно. Кардашијан никогаш не криела дека своите несовршености ги коригирала, но во однос на пред неколку години е непрепознатлива.
Клои очигледно си играла и со фотошопот, така што нејзините заби се неприродно бели и пренагласени. Фотографијата на риалити ѕвездата за кратко време доби преку 2,4 милиони „лајкови“ поради ќерка ѝ, додека нејзиниот изглед наиде на остра критика.
FOTO: Instagram/Printskrin