Ја разбирам загрижеността на граѓаните поради загадувањето на воздухот во нашата општина. Тоа е генерален проблем, на кој интензивно како општина работиме, реагира градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски на Фејсбук.
„Дел од мерките што ги споменува граѓанската иницијатива „Мекедонија се гуши“ се веќе реализирани, но секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојдена.
Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина, и секој од нас треба да се запраша колку допринесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас за чиста животна средина“, пишува Димитриевски.