Мицкоски: Заев е лицемерен кога зборува дека ќе пропаднат предметите на СЈО

446

Има начин како да се обезбедат случаите на СЈО, а тврдењата на Заев дека ако ВМРО ДПМНЕ дојде на власт тие ќе пропаднат се лицемерни, вели лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Хрисијан Мицкоски.

Мицкоски денеска вели дека Заев е тој кој позади завесата, преку своите судии во Уставениот суд охрабрува амнестија, а јавно зборува друго.

Мицкоски денеска ја анализираше економската ситуација во земјава. Годината која ја најавуваа за економска е најтешката и најсиромашната за живот.

Успесите со кои се фали Владата според него се измама. Капитални инвестиции нема, има пад на странските директни инвестиции, компаниите помалку плаќаат данок на добивка, а вработувањата за кои зборува власта се главно вештачки и непродуктивни.

Лидерот на опозицијата вели дека бројот на работници во преработувачкиот сектор се намалува, а општо состојбава во оваа дејност се влошува.

Ветувањата од пред изборите не се исплонуваат ни кога се работи за растот, ниту за платите, оценува тој.

– Минималниот раст кој го имаме сега е заради производството на гасната централа ТЕ-ТО, за која како што кажа имаме многу донеречености како го реализира своето работење. Но она што е аларматно е падот во преработувачката индустрија, која има негативна вредност. Ниту просечната плата, која требаше да биде 30.000 денари е постигната.

Ако се спореди првиот квартал во 2018 година, кога разликата во трговската размена извоз-увоз е нешто над 350 милиони евра со првиот квартал од 2019 година ќе забележите дека отприлика таа е иста, но показателот дека економијата оди во погрешна насока се гледа во вториот квартал, кој споредбено 2018 со 2019 година има разлика во извоз со увоз е зголемена за цели 12.4% во корист на увозот – рече Мицкоски.

Како поминува времето со СДСМ на власт, така расте разликата помеѓу извозот и увозот, имено во третиот квартал оваа разлика изнесува 34%. Со што извозот има за 34% помала вредност во однос на увозот споредбено 2018 со 2019 година, вели Мицкоски.

Според Мицкоски ова се бројките кои ја покажуваат катастрофата во економија, тоа е показател дека се движиме во погрешна насока, а сето останато е само погрешна слика за економијата. Кога велат дека блескаме како економија според Мицкоски се работи за политички ПР или за класично незнаење од страна на власта.

Во однос на даночната политика, Мицкоски потсети на пиши бриши политиката, кога се зголемува, па повторно се намалуваа даноците.

– Политика која ја бранеа редица поранешни министри за финансии од СДСМ, кои беа пуштени низ вода од Зоран Заев со изговор дека е погрешен чекор, а кое беше единствено ветување од нивната економска програма кое го реализираа.

Најголемата лага според Мицкоски е ветувањето дека данокот на добивка ќе го за ИТ индустријата ќе го намалат за 5%, што не се случи. Наспротив ветувањата за повластувања за ИТ компаниите, сега имаме одлив на фирми од земјата во странство, кои бегаат од Македонија и формираат свои претставништва во соседните земји, што се гледа преку податокот кој укажува дека додадента вредност во ИТ секторот во вториот квартал од 2019 е намалена за 4.7%.

Мицкоски го искоментира и буџетот за идната година кој е за 7% поголем од буџетот за оваа година, а кој буџет не може да биде исполнет затоа што до крајот на година ќе фалат пари.

Катастрофална е и наплатата на данокот на добивка, имено во период јаануари – ноември имаме за цели 23.7% помал од планираниот, односно за 20% од тој кој бил собран во 2018 година.

Мицкоски порача дека тоа што денес Заев ќе го зборува, дека блескаме е всушност еден судир во една слепа улица кон која Зоран Заев ја турка и ја води Македонија.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...