На граѓанската трибина „На прав пат“ во Скопје градоначалникот Петре Шилегов најави дека Скопје наскоро ќе добие нова Универзална сала.
– И еве овде, сега пред вас кажувам, заедно со Владата обезбедивме средства за конечно да изградиме нова Универзална сала која ќе биде градена согласно сите потребни стандарди за една културна институција – најави Шилегов.
Изградбата на Универзалната сала ќе започне веднаш после Нова година, истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.