Нусрет Мумиќ од Живиница во Босна и Херцеговина е човекот кому снаата му го спасила животот. Откако му била дијагностицирана цироза на црниот дроб, единствен спас за него била трансплантација.
Нусрет, пренесува Прес 24, има три сина, но ниеден не можел да биде донатор на дел од црн дроб, како што покажале анализите. Сепак, можност за Нусрет се укажала. Неговата снаа Алмира Мумиќ, сопругата на најстариот син Нусмир, одлучила да дарува дел од својот црн дроб за да му го спаси животот на свекорот.
Операцијата била успешна и Нусрет добро се чувствува. После оперативниот зафат, добро се чувствува и Алмира, која веќе се вратила дома.
– Ви благодарам на сите на поддршката и желбите за брзо оздравување. Добро сум, фала му на Бога. Свекорот е одлично, но нешто подоцна ќе биде со нас дома, затоа што трансплантираните пациенти треба да бидат подолго во болница – изјавила Алмира.