Новогодишната елка во канцеларијата на претседателот денеска ја украсија претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга и децата и младите од „Доза среќа“.
„Василиј, Тихон, Наума, Христо, Марио, Матеј, Стефан, Ана -Марија, Дарко, Јована, Елена, Цако, Илина, Ники, Игор, Ива и Денис со мене и сопругата Бети ја украсија новогодишната елка во #МладиХаб- Канцеларија на претседател“, објави претседателот на својот фејсбук профил.
Заедно со Кристијан, стои во објавата, се обидовме да им ја доловиме магијата на претстојните празници на децата и младите од дневниот центар „Доза среќа“.