Експремиерот и азилант Никола Груевски испровоциран од интервју на министерката за правда Рената Дескоски на Фејсбук и порача прво да се погледне во огледало пред вината да ја бара кај друг во врска со албанскиот јазик.
– По повод интервјуто на Рената Десковска за ТВ 21, ја повикувам да каже барем една фирма која сум ја преземал со изнуда или без изнуда или на било каков начин, пред да го спомнува моето име. Барем една. Ако има таква. И да изнесе докази за тоа и веднаш нека ја конфискува. Ако нема такво нешто и ако има малку доблест треба да се извини, пишува Груевски.
Тој на министерката и забележува дека неточни и се информациите дека најмил адвокат Албанец за да го кочи рочиштата, а врзано за употребата на Законот за јазиците.
– Десковска може што сака да мисли и зборува за мене, но не личи да манипулира со јавноста создавајќи лажна слика и перцепција дека јас сум ангажирал адвокат сега да поведе некоја постапка во некаква моја корист. Ако пак има доказ за такво нешто, ја повикувам да го објави. А за барањето на извесен адвокат по националност Албанец, судот да му преведе сѐ на Албански јазик, ја упатувам на самата себе како висок функционер на СДСМ и министер за правда. Тие на неуставен начин донесоа таков закон, а не јас. Кога предупредував во парламентот, кога реагирав на неуставното работење на парламентот и неуставниот закон за јазиците, каде беше тогаш Рената Десковка? Молчеше! Функцијата и привилегиите и беа помили од интегритетот.
Нека се погледне во огледало пред вината да ја бара кај било кој друг, напиша Груевски.
Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI