Mора да биде вратен полниот сјај на црква Св. Талалеј и на селските гробишта во центарот на селото Арачиново, порача Дариан Сотироски, директор на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи по работната средба со градоначалничката Миликие Халими. Селската црквата во Арачиново е руинирана и осквернавена.
– На средбата се разговараше за заедничкиот настап и соработка во испраќањето јасна порака, поткрепена на дело, дека Македонија мора да почне ново поглавје во меѓуетничките, а со тоа и во меѓуконфесионалните односи, соопшти Комисијата.