Убавицата на Јамајка, Тони Ен Син (23) е новата мис на светот. Круната за најубава жена на светот и ја предала манекенката од Мексико Ванеса Понче де Леона, минатогодишната најубава жена на светот.
Последен пат оваа титула ја понела девојка од Јамајка во 1993 година.
Прва придружничка е прогласена Офели Мезино од Франција, додека трето место зазеде Суман Рао од Индија.