Русковска нaјави обвинение за „Рекет 2“ во почетокот на јануари

859

Обвинение за случајот „Рекет 2“ може да се очекува на почетокот на јануари, најави за медиумите шефицата на Обвинителството за борба против организиран криминал Вилма Русковска, која учествуваше во акцијата на администрацијата и „Не биди ѓубре“ за чистење на ѓубрето во Скопје.

Обвинителката рече дека истрагата привршува и на почетокот од идниот месец може да се очекува обвинение за случајот „Рекет – 2“, во кој се истражува работењето на невладиниот Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски. Освен Боки 13, осомничени се и неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузо, Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...