Поранешната шампионка на „Ролан гарос“, Франческа Скијавоне, објави дека е излечена од рак. 39-годишната Италијанка, која го освои Отвореното првенство на Франција во тенис во 2010 година, не даде дополнителни детали за болеста, но на Твитер изјави дека била излечена по хемотерапија.
– Здраво на сите. После 7-8 месеци молчење на социјалните медиуми и изолирана од светот, сакам да споделам што се случи со мене. Ми беше дијагностициран карцином. Јас направив хемотерапија, се борев напорно и сè уште дишам. Ја освоив оваа битка. И веќе се враќа, на активниот живот“, напиша Скијавоне.
Таа е прва италијанска тенисерка која освои Гренд-слем титулата . Во кариерата има освоено осум титули и во 2011 година го достигна четвртото место на светската ранг-листа.
Скијавоне ја заврши кариерата минатата година по 22 сезони како професионална тенисерк