На улицата „Димо Гавровски-Кара“ во Тетово денеска во 11.15 часот избуван пожар во станбена зграда, јави телевизијата Алсат.
Според СВР Тетово, во пожарот се повредил сопственикот на станот, 24 годишниот А.С, и други 11 лица.
– Во пожарот, А.С.(24) кој сам живеел во станот задобил изгореници, додека 11 други лица од зградата почувствувале проблеми од чадот и сите се пренесени во тетовската клиничка болница за укажување на лекарска помош. Во тек е увид што го води јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово – велат од СВР Тетово.
Според информациите причината за пожарот е експолозија на плинска боца.
Видео: Алсат