Спасовски негира дека имал редовни контакти со Боки 13

505

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска негираше дека имал редовни контакти со обвинетиот Бојан Јовановски во случајот „Рекет“.

– Службени контакти, два или три кои биле, се однесуваа на одредени пријави кои ги имаше тој и новинари во телевизијата за упад во електронскиот систем во телевизијата и за тоа беа остварени средби со директорот на Бирото за јавна безбедност. Апсолутно не станува збор за било какви други контакти, ниту пак за разговор со него или со било кој друг вклучен во криминални активности – рече  Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со сведочењето на Ана Камчева дека тој бил редовно во контакт со Јовановски.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...