Спасовски: Нема да го исчистиме цело ѓубре, ќе испратиме порака колку е важна животната средина

393

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се вклучи во акцијата за чистење на отпадот во околината на административната зграда на Министерството за внатрешни работи и Клиничкиот центар во општина Центар.

– Оваа акција е со цел да ја подигнеме јавната свест кај сите граѓани. Денеска не е само моментот дека ќе го исчистиме целото ѓубре, туку да направиме напори преку вакви акции да ги поттикнеме сите луѓе и да ја испратиме пораката за тоа колку е важно сите да ја штитиме животната средина. Немаме доволно висока јавна свест дека треба заедно да допринесеме кон подобра животна средина – изјави Спасовски.

Во денешната акција се вклучени околу 40 илјади вработени во јавниот сектор.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...