На железничка пруга Велес-Кочани, вчера на патен премин кај селото Лозово, се случи железничка незгода во која патничкиот воз кој сообраќал на релација Скопје-Кочани удри во автомобил со скопски регистарски ознаки, соопшти МВР.
– Со автомобилот управувала 30-годишната И.Б.од селото Милино, која се здобила со повреди и била пренесена во Општата болница Велес, за укажување на лекарска помош, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Штип.