Новиот аргентински претседател ги изненадил студентите, им дошол на испит

472

Новиот аргентински претседател Алберто Фернандез денеска на кусо се вратил на својата стара работа и внимавал на студентите кои го пишувале завршниот испит од казнено право.

Фернандез ги изненадил студентите  кога се појавил на Правниот факултет на Универзитетот во Буенос Аирес каде работел пред претседателската кампања.

Со големо обезбедување низ ходниците на факултетот, Фернандез дошол со автомобил од претседателската Розова куќа.

Тој трпеливо седел зад катедрата додека студентите неколку часа го пишувале завршниот испит.

Кога се било готово заедно со нив позирал за семејна фотографија.

– Тој повеќе не е кандидат, туку е претседател. Ова е историски ден, вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во мојот живот – рекла студентка Надина Татијана Пасанини.

Фото: EPA/Matias G Napoli Escalero

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...