Елка со ѓубре на плоштад Македонија, герила акција

725

Младите активисти на Fridays For Future Skopje на плоштадот Македонија порачаа дека новогодишното пакетче кое најмногу го посакуваат е пакет мерки за животната средина.

Претходно на плоштадот тие накитија елка со шишиња, кутии од цигари, ѓубре и испишани пораки на загадувачите на животната средина.

– Сите тие пари фрлени на новогодишни атракции нема да го сменат фактот дека отпадот, аерозагадувањето и урбаниот хаос се главната декорација секоја празнична сезона со години наназад. Вистинската елка е онаа малата, која не ја гледаме, но тивко не убива со нејзините отровни лампиони, порачаа активистите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...