Одобрени обвиненијата против Трамп

Денеска е свечен и тажен ден. Претставничкиот дом ќе дејствува многу брзо, изјави претседавачот на комисијата Џери Надлер, по гласањето.

199
ФОТО: EPA / MICHAEL REYNOLDS

Комитетот на Претставничкиот дом на САД ги одобри обвинувањата за злоупотреба на службената должност и опструкции против американскиот претседател Доналд Трамп.

Конгресниот судски комитет гласаше со 23 „за“ наспроти 17 „против“ за да го одобри обвинението со кое Трамп се товари дека ја злоупотребил службената должност за да изврши притисок врз Украина да го истражи политичкиот ривал, демократскиот кандидат Џо Бајден и неговиот син Хантер, кој работел во украинска енергетска компанија.

Комисијата, исто така, одобри уште едно обвинение со кое Трамп се товари за опструкција на Конгресот.

– Денеска е свечен и тажен ден. Претставничкиот дом ќе дејствува многу брзо – изјави претседавачот на комисијата Џери Надлер, по гласањето.

Претходно, Комитетот одобри посебно обвинение со кое Трамп се обвинува за злоупотреба на моќта за обидот да ја натера Украина да го истражи Џо Бајден.

Одобрувањето на обвиненијата за импичмент од страна на Комитетот ја поставува основата за гласање од страна на целиот Претставнички дом следната недела, со што ќе заврши процесот на отповикување. Тоа значи дека во рок од неколку недели Трамп ќе се најде на судење во Сенатот, кој е под контрола на републиканците.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...