Теута Арифи не е кандидат за Вашингтон, не е ниту понудена, ниту има интерес, тврди Заев

457

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, не е кандидат за амбасадор во Вашингтон, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој, по настанот за проширување на улицата „Никола Карев“, позната како Пластичарска, истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за Вашингтон, ниту пројавила интерес.

-За Теута Арифи воопшто не е разговарано. Таа е мој пријател, ја поддржувам, и помагаме во делот на Тетово, се реализираат проекти, развиваме сериозни големи инвестиции во Тетово, но таа ниту изразила желба, ниту некаде е понудена како кандидат, рече Заев.

Во врска со тоа до каде е проценудата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, Заев рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.

-Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката, рече Заев.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...