Деветнаесет годишната девојка од Украина, по име Екатерина или Катја, ја огласила својата невиност преку елитна агенција за придружба. Почетна цена на нејзината невиност е 100.000 евра.
Таа открила и за што толку пари ѝ се потребни – целта ѝ е да патува низ светот, да почувствува луксуз и да биде среќна.
Оваа Украинка сега живее во САД, а за својата невиност наводно има и документ, лекарски извештај со кој се потврдува дека досега не спиела со ниту еден маж.
Дека е свесна во што се вплеткува, објаснила во видеото каде рекла дека „нејзиното тело е нејзин избор“.
Таа, исто така, позирала во долна облека, а рекла дека е заинтересирана и за маж кој во бракот за неа ќе троши најмалку 10.000 евра месечно.