Ракун се опил со греено вино во Ерфурт, Германија ВИДЕО

326

Ракун, понесен од празничната атмосфера по германските панаѓури, бил забележан како се прикрадува меѓу куќичките за закуска и го допива грееното вино. Тоа се случило во Ерфурт, Германија.

Според полицијата, животното „претерало со виното“, оти било очигледно дека се тетерави и чудно се однесува на блиската железничка пруга.

Ова не е прв случај на пијанство на животно во Ерфурт. Полицијата лани прибра два пијани ежа кои „заседнале“ крај фрлено шише пунч.

Ракунот, инаку, бил усмртен, оти видот се смета за грабливец којшто ги напаѓа околните птици и змии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...