Брегзит ќе направи најголеми проблеми во фудбалот и Формула 1

278

Најавеното излегување на Велика Британија од Европската унија, може да има негативен ефект и врз одредени спортови, најмногу врз фудбалот и особено Формула 1.

Кога ќе стапи во сила Брегзит, сите фудбалери кои се од ЕУ, ќе станат странци, а бројот на такви играчи е ограничен, па ќе треба да се менуваат правилата во тој дел. Помалиот број на странци во тимовите ќе значи и нивно ослабување, и слабеење на трансфер пазарот, но не се очекуваат проблеми околу визите.

Седиштето на Формула 1 е во Велика Британија, дури седум од десетте тима имаат канцеларии или фабрики на островот, многу луѓе се вработени таму, и ефектот ќе биде многу негативен. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...