Во интервју за „Њујорк тајмс“, актерот Бред Пит се огласи за озборувањата кои последните три години кружат за неговиот љубовен живот.
Откако се разведе од Анџелина Џоли, медиумите го спојуваа со многу жени, но ниедна од тие врски никогаш не беше потврдена.
Пит тврди дека ретко чита вести за неговиот љубовен живот.
– Не се трудам да го избегнам тоа, едноставно не барам такви вести. Не знам со колку жени ме поврзуваа во последните три години, ниедна од тие приказни не беше вистинска. Можеби нешто сум покажал, но можеби тоа ништо не значи – рекол тој.
Професорката Нери Оксман, дизајнерката на накит Сет Хари Калса и Алиа Шавкат се само некои од дамите за кои странските медиуми тврдеа дека се неговите нови девојки.
Од разводот од Анџелина, Бред не потврди ниту една нова љубов. Џоли ја запознал во 2004-та година на снимањето на „Г-дин и г-ѓа Смит“, а иако тогаш бил во брак со Џенифер Анистон, тие започнале афера. За време на 10-годишната врска и двегодишниот брак станале родители на три биолошки и три посвоени деца.
ФОТО: EPA / JUANJO MARTIN