Таткото на Бијонсе: Ќерка ми сексуално ја злоставуваа членови на познат бенд

Ноулс не ги наведува имињата на мажите, но изјави дека сè се случувало во 2000-тите на нивната заедничка турнеја.

749

Метју Ноулс, таткото на Бијонсе Ноулс, излезе со шокантни тврдења за неговата славна ќерка.

Метју Ноулс во моментот ја промовира својата нова книга „Destiny’s Child: The Untold Story“, во која пишува за лошата одлука што ја донел на почетокот на кариерата на својата ќерка.

– Сè се случи кога Бијонсе беше дел од групата „Дестини чајлд“ – почнал Метју во интервјуто.

67-годишниот менаџер и бизнисмен за забава изјави во интервју дека членовите на групата „Jagged Edge сексуално ги злоставувале Бијонсе и Кели Роуланд кога биле тинејџерки. Ноулс не ги наведува имињата на мажите, но изјави дека сè се случувало во 2000-тите на нивната заедничка турнеја.

– Девојчињата имаа 16, а напаѓачите биле на возраст од 20 и 21 година. Беа малолетни. Морав да ги разделам. Немаше друг начин освен да ги исфрлам момчињата од турнејата. Тогаш започна драмата. Бијонсе и Кели ми рекоа дека двајца членови од групата постојано ги малтретираат – рече тој.

После тешките обвинувања на таткото и менаџерот на Бијонсе, се огласи и групата „Jagged Edge“. Тие тврдат дека се што раскажал Ноулс е лага и дека немаат поим од каде потекнуваат овие информации.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...