Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски вели дека Венецијанската комисија во своето мислење посочила дека Законот за употребата на јазиците е неприменлив особено во делот на судството. Донесен е на шверцерски начин без јавна дебата. Венецијанската комисија потврди дека закнот е неуставен и донесен надвор од законските процедури, вели Арсовски во „Патот кон“, на Алсат.
– Не е проблемот дали ВМРО-ДПМНЕ се вмашало во носењето на Законот за употреба на јазиците. Требаше да се слуша експертската јавност. Законот беше усвоен без мислење на Венецијанската комисија и еве сега се враќа како бумеранг, која констатира дека треба години и многу ресурси да се имплементира особено во правосудството. Сметаме дека не може на сметка на другите етникуми во земјава да се носи закон во корист на еден етникум. Облигаторно е да се послуша мислењето на Венецијанската Комисија. ВМРО-ДПМНЕ испрати забелешки до Комисјата. Со новата методологија за проширување на ЕУ која во моментов се изработува, од јануари ќе се следат сите мислења на комисите – вели Арсовски.