Американскиот Сенат ја потврди кандидатурата на заменикот државен секретар Џон Саливан за амбасадор на САД во Русија.
Номинацијата на Саливан, специјалист за санкции, ја потврди претседателот Доналд Трамп во октомври годинава.
Саливан во 2017 година стана заменик на државниот секретар одговорен за руско-американските односи во областа на борбата со тероризмот и стратешката безбедност. Тој играше клучна улога во протерувањето на руските дипломати од САД по труењето на Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во Велика Британија во март 2018 година.
Кандидатурата на Саливан за амбасадор во Русија се случува во време кога демократите во Конгресот се подготвуваат да изгласаат импичмент на претседателот Трамп.
Во тек на распитот за потврда на неговата номинација пред Одборот за надворешни работи на Претставничкиот дом во октомври, Саливан истакна дека бил во тек со кампањата на оцрнување на Мари Јованович, поранешна амбасадорка на САД во Украина, од страна на Руди Џулијани, личен адвокат на претседателот.
Претходниот американски амбасадор во Москва, Џон Хантсман, поднесе оставка на позицијата и во август годинава се врати во САД, за да се номинира за гувернер на сојузната држава Јута на изборите во 2020 година.