Институт „Крсте Мисирков“: Негирањето на македонскиот е свесна провокација

218

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“-Скопје остро реагира и сериозно се спротивставува на ставот на Бугарската академија на науките во врска со постоењето на македонскиот јазик и македонското писмо.

Во реакцијата, Институтот наведува дека постоењето на македонскиот јазик со свој посебен дијалектен систем и со своја историја е апсолвирано прашање во светски рамки уште одамна и, нагласува дека „секој став што го негира овој непобитен факт го смета за свесна провокација“.

-Ваквите изјави одат во прилог на евтина дневно-политичка пропаганда и затоа е несфатливо што доаѓаат од една висока академска фела на држава членка на ЕУ. Меѓу другото, на овој начин, тие ги негираат долгогодишните билатерални проекти меѓу македонските и бугарските лингвисти и други научници. Земајќи предвид дека на нашите конференции со македонистички теми доаѓаат  ценети професори од целиот свет, а нашите научници се масовно прифатени од светската научна јавност со своите истражувања посветени на македонскиот јазик, литература и култура, не се чувствуваме загрозено ниту како Македонци, ниту како македонисти – пишува во реакцијата на Институтот за македонски јазик.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...