Навистина сум среќна што Брајковци коешто е рурално место ја доби првата детска градинка. Овој објект во којшто инвестиравме 10,3 милиони денари ќе значи многу за раниот детски развој во овој регион. Министерството за труд и социјална политика заедно со локалните самоуправи изминатиот период забразано работеа на подобрување на условите кадешто престојуваат дечињата, изјави денеска министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, на отворањето на нова детска градинка во валандовското село Брајковци, објект под ЈОУДГ „Калинка“, во којашто ќе бидат опфатени деца на предучилишна возраст од четири околни населени места.
Таа нагласи дека за идната година во Буџетот се издвоени 105 милиони денари за реконструкција, опремување и изградба на детски градини.
Дневниот центар за деца со попреченост во Валандово го посетуваат девет дечиња на возраст од три до 14 години во две групи, а за нив се грижат негувател, дефектолог и наставник по одделенска настава.