Се намалува прагот на алармирање за загадениот воздух

178

Согласно новата уредба од 14 декември прагот на алaрмирање за загдување со ПМ10 честичките се намалува од 188 милиграми на кубен метар на 175 милиграми на кубен метар среднодневна концентрација во текот на два последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период.

– Во согласност со новата Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри, од 14 декември 2019 година, прагот на алармирање на РМ10, се намалува од 188 mg/m3 и истиот изнесува 175 mg/m3 среднодневна концентрација во текот на 2 последователни дена и добиена прогноза за стабилна временска состојба во наредниот период – соопштуваат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Во случај на надминување на овие вредности во два последователни дена се локалните и централните власти се активираат итни мерки за намалување на загадувањето.

Прагот на алармирање досега беше доколку во два последователи дена концентрацијата на загадувачки материи во воздухот е над 200 микрограми на кубен метар.

Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...