Предложени 19 нови амбасадори, за Вашингтон допрва ќе се бара име

Владата, меѓу другите, ги утврди предлозите за амбасадори во соседните Грција , Албанија, Србија и Косово

933

Владата утврди денеска ја утврди предлог-листата на нови амбасадори за пополнување на 19 испразнети места во нашите дипломатско-конзуларни претставништва. Според тоа, не се утврдени предлозите за амбасадори уште во четири престолнини, меѓу кои е и амбасадата на С.Македонија во Вашингтон, САД.

На затворена седница, владата ги утврди предлозите за амбасадори во соседните Грција (Атина), Албанија(Тирана), Србија (Белград) и Косово (Приштина). Договорени се и имињата за наши дипломатски претставници во  Загреб, Брисел, Хаг, Москва, , Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, и Пекинг, како и за мисиите во Советот на Европа (Стразбур) во  ОН (Женева). Во мисијата во НАТО во Брисел, како што беше претходно соопштено, заминува советникот на премиерот Зоран Заев, Дане Талески.

Листата ќе биде доставена до претседателот Стево Пендаровски.

Како што соопштија од владата, првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...