Се запали единствениот руски носач на авиони „Адмирал Кузњецов“, тројца повредени

356

Во текот на поправката на докот во Мурманск, се запали рускиот носач на авиони „Адмирал Кузњецов“  и притоа се повредени три лица, соопшти извор од итната служба.

-Според првичните информации, огнот ја зафатил првата единица за напојување на бродот. Од горната палуба се гледа облак од густ црн чад, наведе извор за Тасс.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот, а се верува дека настанал заради непочитување на безбедносните правила во текот на поправката.

Ремонтот на рускиот носач на авиони, што беше користен во руската воена кампања во Сирија како поддршка на сирискиот претседател Башар ал-Асад, почна уште минатата година.

„Адмирал Кузњецов“ во моментов е единствениот руски носач на авиони. Изграден е и спуштен во море во времето на Советскиот Сојуз и требаше да биде првиот носач на авиони во својата класа.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...