Наставничка уапсена откако имала секс со двајца ученици во базен

Снимките од базенот откриваат дека имала секс со двајцата, но не е познато дали тоа го сторила одеднаш или еден по друг.

1221

Наставничката Кирси Роза е уапсена поради наводна сексуална врска со двајца 15-годишни ученици во базен во близина на зградата каде што живее, се вели во полицискиот извештај.

Според медиумите, 27-годишната Кирси Ноне Роза, наводно, имала секс со еден од учениците во неговиот дом и во неговиот стан во местото Источен Неапол на Флорида.

Во една прилика годинава, Роза, која комуницирала со учениците преку Снепчет, се понудила да ги однесе на забава. Таму им дала алкохол и марихуана, пред организаторот на забавата да открие дека се средношколци и ги исфрлиле.

Потоа ги однела во нејзиниот стан и во базенот. Снимките од базенот откриваат дека имала секс со двајцата, но не е познато дали тоа го сторила одеднаш или еден по друг.

Таа беше уапсена минатиот викенд и беше обвинета за лошо однесување и обезбедување наркотични средства на тинејџери.

FOTO: Printskrin/Fejsbuk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...