Деветте нови аудио снимки со разговори поврзани со случајот „Рекет“ отворија нови дилеми, а особено внимение предизвика тврдењето дека во торбата има ГПС.
Обвинителката Вилма Русковска за Дојче Веле вели дека Камчев досега ниту еднаш не споменал таков податок.
– Не верувам дека имало ГПС. Сведокот досега не споменал такво нешто, ниту во записникот за примање на кривичната пријава, ниту во исказот даден во текот на истражната постапка, ниту пак во сведочењето на главната расправа – вели Русковска.
Обвинителката е убедена дека снимките не протекле од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал.
– Не верувам дека некоја обвинителка ги земала снимките и ги дала на Мицкоски. Сигурна сум дека не излегле од кај нас, пред се, поради внатрешните процедури и начинот на кој беа чувани. И фактот дека беа во заклучена просторија ја елиминира таквата можност – вели обвинителката.