По ерупцијата на вулкан во Нов Зеланд, на островот Вајт, тамошните власти порачале 110 квадратни метри кожа за преживеаните лица.
Во моментот кога се случила самата ерупција, на островот имало 47 луѓе.
Осумина од нив се потврдени за починати, а 25 се во болница во критична состојба, пренесува Си-Ен-Ен.
Потрагата продолжува за оние кои се сметаат за исчезнати, но властите стравуваат дека тие не преживеале.
Многумина преживеани претрпеле големи изгореници по ерупцијата и на докторите итно им е потребна кожа за да ги излечат повредите.
Вчера, медицинскиот персонал во Нов Зеланд објави дека 27 лица во болницата имале изгореници на најмалку 30 отсто од нивните тела.
My god, White Island volcano in New Zealand erupted today for first time since 2001. My family and I had gotten off it 20 minutes before, were waiting at our boat about to leave when we saw it. Boat ride home tending to people our boat rescued was indescribable. #whiteisland pic.twitter.com/QJwWi12Tvt
— Michael Schade (@sch) December 9, 2019