Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот Александар Николоски, и членот на ИК и Игор Николов во Париз остварија средба со членовите на Францускиот Сенат Марта Де Сидрак и Арно Базин кој е и претседател на групата за Француско Македонско пријателство, соопшти партијата.
„На средбата се разговараше за актуелни теми и прашања поврзани со стратешките интереси на Република Македонија, како и за потребите за реформи и јакнење на заедничкото пријателство.
Мицкоски ја афирмираше заложбата за напредок на планот на евроинтеграциите, како и ставањето на државата на брза патека што ќе подразбра итни реформи кој ќе ја извадат Македонија од слепата улица по која ја донесе актуелната влада.
Мицкоски ја потенцираше цврстата определба за бескромпомисна борба против криминалот, и нултата толеранција за корупција. Воедно нагласи дека потребни се чекори кој ќе доведат до економски напредок и подобрување на стандардот на граѓаните.
– За жал денес имаме состојба во која главна пречка за правдата е премиерот на државата, истакна Мицкоски, додавајќи дека потребно е олсободувње на правосудниот систем од политичките стеги и владеење со правото. Обновата за која се залага ВМРО-ДПМНЕ се однесува на промени кон подобро во сите сфери и области, спроведување на политика базирана принципи и вредности, истакна на средбата Мицкоски.
Воедно Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека се залага стратешко партнерство со Република Франција и продлабочување на заедничката економска и политичка соработка, соопшти партијата.