Уапсени двајца Срби и Македонец поради убиство во Словачка

Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември, се наведува во соопштението на словачката полиција.

444

Двајца Срби кои нападнаа и до смрт го претепаа својот сонародник Никола Косаниќ (22) во Братислава во неделата, уапсени се во Унгарија и се обвинети за соучесништво во убиство, соопшти денеска словачката полиција.

Додека третиот напаѓач, државјанин на Македонија, уапсен е во Словачка, но против него се уште не е подигнато обвинение.

– Во соработка со Националниот центар на Интерпол и унгарската полиција уапсени се двајца осомничени за напад врз Србин пред поштата во Братислава утрото на 8 декември, се наведува во соопштението на словачката полиција.

Тие се уапсени врз основа на европскиот налог за апсење издаден од Првиот окружен суд во Братислава. Тие се обвинети во отсуство и во тек е процедура за нивна екстрадиција од Унгарија во Словачка.

Ако бидат прогласени за виновни ќе бидат осудени на казна затвор од седум до 10 години.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...