Кина ја претрка Турција по бројот на уапсени новинари годинава

Најмалку 250 новинари се уапсени ширум светот во текот на годината, што е за пет помалку од минатата година. Но, во Кина е уапсен еден новинар повеќе од минатата година.

47

Одборот за заштита на новинарите (ЦПЈ) во денеска објавениот извештај наведе дека годинава во Кина се уапсени најмалку 48 новинари, со што земјата е на прво место наместо Турција.

Најмалку 250 новинари се уапсени ширум светот во текот на годината, што е за пет помалку од минатата година. Но, во Кина е уапсен еден новинар повеќе од минатата година.

– Бројот на уапсени новинари постојано расте откако претседателот Си Џинпинг ја зацврсти политичката контрола над земјата и покрена жестока контрола над медиумите, се наведува во извештајот на ЦПЈ.

Во извештајот посебно се истакнува провинцијата Синџианг, каде еден милион припадници на муслиманските етнички групи се интернирани во логори, што „доведе до апсење на десетици новинари, меѓу кои некои претходно беа во затвор поради нивната работа“.

Во Турција годинава се уапсени 47 новинари, додека минатата година беа лишени од слобода 68. Додека во Саудиска Арабија и Египет се уапсени 26, во Еритреја – 16, во Виетнам – 12 и во Иран – 11 новинари.

– Авторитаризмот, нестабилноста и протестите годинава доведоа до зголемување на бројот на уапсени новинари на Блиски Исток – се посочува во извештајот на ЦПЈ.

Околу осум проценти од затворените новинари се жени, што е пад во однос на 2018 година кога затворени новинарки беа 13 отсто.

Според ЦПЈ новинарите најчесто завршуваат во затвор поради текстови за политика, човекови права и корупција.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...