Хана Стивенс од Велс одејќи на лекар вчера на небото забележала големо јато птици. Но еден час подоцна, кога се враќала дома, видела дека птиците лежат мртви на патот. Таа го повикала својот партнер Едвард и му раскажала што се случило.
– Ме повика на телефон и ми кажа дека не може да верува што видела. Да бидам искрен, ниту јас веднаш не и поверував – вели партнерот.
Едвард решил да оди на местото и самиот да види што точно се случило.
– Беше многу вознемирувачко. Мислам дека видов над стотина мртви птици. Инстинктот ми вели дека се отруени, но не знам. Тешко е да се каже – вели Едвард.
Парот ја контактирал полицијата и Агенцијата за заштита на животните која веднаш почнала истрага.
Од Организацијата рекле дека се многу загрижени од тоа што го виделе.