Унгарската влада со закон ќе ги контролира театрите

Предлог-законот предвидува формирање Национален културен совет за владино „централизирано стратешко управување со културните сектори“ и се зголемува нејзината улога во управувањето со локалните театри и финансирањето.

102

Унгарскиот Парламент денеска усвои закон со кој се зголемува владината контрола врз театарската сцена во државата.  Законот беше донесен по итна постапка, со мнозинство гласови кои стојат зад конзервативниот-националистички премиер Виктор Орбан.

Сто и петнаесет пратеници беа „за“, а 53 беа „против“.

Пратениците од опозицијата за време на гласањето држеа црна театарска маска, јавија локални медиуми.

Предлог-законот предвидува формирање Национален културен совет за владино „централизирано стратешко управување со културните сектори“ и се зголемува нејзината улога во управувањето со локалните театри и финансирањето.

Владата го повлече тој потег по големиот пораз на партијата „Фидес“ на Орбан на локалните избори во октомври. Фидес загуби од опозицијата во Будимпешта и десет клучни градови.

Законот беше донесен и покрај петицијата што ја потпишаа повеќе од 50.000 луѓе. Критичарите предупредуваат дека назначувањето  театарски директор и преземањето контрола врз финансиите ја отвора вратата за задушување на уметничката слобода.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...