Кривична за екс градоначалникот на Демир Капија

1324

Секторот за внатрешни работи Велес поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија, Трајче Димитриев, за злоупотреба на службена положба и овластување.

„На 29 септември лани пријавениот, како градоначалник на Демир Капија, за време на предизборна кампања за локални избори 2017 година, спротивно на одредбите од Изборниот законик, донел решение во кое ја одобрил нелегалната одлука на Советот на Општина Демир Капија, за одобрување на финансиски средства за покривање на трошоци за добивање на дозволи за сеча на огревно дрво на 20 социјално најзагрозени семејства од село Дрен – соопшти МВР.

МВР информира дека на 10 и на 13  октомври 2017 градоначалникот на сметката на ЈП „Македонски шуми“ префрлил вкупно 110.000 денари за добивање дозволи за сеча на огревно дрво, а по преземени мерки, од полицијата било утврдено и дека лицата за кои биле наменети парите не се лица во социјален ризик.

Од таму истакнуваат дека пријавениот на тој начин го оштетил буџетот на општина за 110.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...