Српската раперка Мими Мерцедес вечер настапува во Станица 26

Со музика аматерски се занимава од 19 години, а својата прва песна Napucane Svinjice ја снима во 2011 година.

344

Контроверзната српска раперка Mimi Mrcedez вечер настапува во клубот Станица 26, во Скопје. Мими е вистинска ѕвезда на хип-хоп сцената во регионот.

За себе вели дека е провокативна, вулгарна и експлицитна, не заборавајќи да додаде дека смета дека е добар пример за младите. Со музика аматерски се занимава од 19 години, а својата прва песна Napucane Svinjice ја снима во 2011 година.

Досега има снимено 4 албуми, а последниот Mrznja го издаде оваа година. На нејзините настапи доаѓаат и хипстери и дизелаши и рапери, а нејзините нови рими истовремено се наоѓаат на насловните страници на таблоидите, како и во рецензиите на реномираните елитни блогови. Supported by: @bestwayinvestment @johnniewalkermk #johnnywalker #bwistory

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...