Британскиот топ модел Кара Делевињ на својот профил на Твитер објавила дека раскинала со девојката, актерката Ешли Бенсон.
Тие се во врска година и пол, а нејзиниот твит дојде како гром од ведро небо, пренесува „Космополитен“.
„Јас и Ешли раскинавме“, пишувало во нејзината објава.
Ненадејната објава била достапна околу дваесетина минути на профилот, а потоа била избришана. Постои сомневање дека Твитер-налогот на Кара бил нападнат од хакери.
Ешли кратко се огласила дека не е точна објавата дека раскинале.