Најдобриот шеф на светот: На сите вработени им дал по 50.000 долари бонус! ВИДЕО

Сите 198 вработени во компанијата „Ст. Џон пропертис“ добиле изненадувачки бонуси од 50.000 американски долари просечно.

1164

Кога фирмата за недвижности во Мериленд во текот на журката минатиот викенд на вработените им врачила црвени пликови, никој не знаел што може да очекува.

Сите 198 вработени во компанијата „Ст. Џон пропертис“ добиле изненадувачки бонуси од 50.000 американски долари просечно. Тоа било божикно чудо кое не го очекувале.

Вкупната сума на сите бонуси изнесувала околу 10 милиони долари.

– Кога го отворив пликот, не можев да верувам. Немам воопшто зборови за да опишам како се чувствував, беше навистина неверојатно. Сè уште сум во шок. Ова го менува животот – рекла за Си-ен-ен Стефани Риџвеј, асистентка на шефот на проектот во компанијата.

Претседателот на „Ст. Џон пропертис“, Лоренс Мејкранц за Си-ен-ен рекол дека фирмата ги постигнала своите главни цели и дека за вработените кои во тоа помогнале сакале да направат нешто убаво.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...