За Кум бадникар за 2020 година е избран Антони Пешев, а здравицата ќе ја каже Климе Коробар.
И годинава, по 28-ти пат, продолжува манифестацијата за Бадникарските свеченост во организација на благодарение Граѓанското здружение Одбор за традиционална прослава на Бадник во Скопје.
Традиционално, на 22-ти декември, од падините на Водно на граѓаните ќе им биде обзнането дека сѐ е готово за централното одбележување на Бадник, што ќе се одржи на 6-ти јануари на платото пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје.
Кумот за Бадник 2020 со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан, поздравен од своите сограѓани, задоволни што нивниот град негува уште една убава традиција.