Нов систем за донирање вишок храна „Сите сити“

Системот за почеток ќе функционира во главниот град и преку 14 граѓански организации ќе опслужува најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно, со план од наредната година да се прошири и во другите градови. 

217

„Сите сити“, систем за донирање и дистрибуција на храна до граѓаните на кои им е потребна беше промовиран денеска во Скопје. Системот за почеток ќе функционира во главниот град и преку 14 граѓански организации ќе опслужува најмалку 1.000 лица со по два оброка дневно, со план од наредната година да се прошири и во другите градови.

– Секој од нас може да направи нешто навидум мало да го спречи гладот, а сите заедно да направиме многу голема промена. Промена мора да има. Четиристотини и педесет илјади граѓани не можат да си ги дозволат сите оброци во текот на денот, а од друга страна илјадници тони безбедна храна завршува на отпад и депонии – рече на денешната прес-конференција Блаже Јосифовски.

За да функционира системот, додаде тој, развиена е транспортна и дистрибуциска мрежа, во зависност од видот на храната и потребата на корисниците, развиена е веб платформа за поврзување на бизнисите и донаторите со граѓанските организации за видот на храната, количините и кога можат да бидат преземани, кампања за подигнување на свеста, но и исто така, закон за донирање вишок храна.

Главни донатори ќе бидат производителите на храна, дистрибутерите, угостителските објекти и пекарниците.

Швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада, чија земја преку СИДА дава поддршка за овој систем, истакна дека еден од поголемите предизвици за Македонија е како да се надмине проблемот со недостиг на храна, фактот што секој петти Македонец нема пристап до потребната количина, и, како што рече, таа наместо да завршува на отпад да се донира.

Тој апелираше во функционирањето на системот да се вклучат и други субјекти од оние кои сега се во него, со цел, како што рече, да се зголеми негиовиот капацитет и да се опслужат што повеќе граѓани на кои им е потребна храна.

Амбасадорот на САД Џес Бејли, рече дека со овој проблем не се соочува само Македонија, туку и другите земји, посочувајќи притоа дека секој осми граѓани на САД нема пристап до доволно храна.

Работевме многу, истакна, да направиме законски основи и изградба на систем за да се зголеми пристапот на граѓаните до квалитетна храна.

Ваквата програма, според него, е добар пример како може да се работи заедно – граѓанскиот сектор, бизнисите и владата за подобрување на состојбата на граѓаните.

Освен СИДА и УСАИД, поддршка за реализација на ситемот даваат и Националниот демократски институт и Publicis One CEO, СОО Адриатик.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...