Дефанзивецот на Атланта, Винс Картер, стана петтиот играч во историјата на НБА, кој настапил на 1.500 натпревари, објавено е на официјалната веб-страница на лигата.
Историскиот момент за Картер се случи ноќеска на дуелот со Мајами (121:135). Картер постигна 12 поени, четири асистенции и три скока.
На листата играчи со најмногу настапи во најсилната светска кошаркарска лига, пред 42-годишниот Картер се: Џон Стоктон (1.504 натпревари), Дирк Новицки (1.522), Карим Абдул-Џабар (1.560) и лидер во овој индикатор Роберт Периш (1.611)