Вучиќ со честитка до Хандке: Освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец

621

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, му честиташе на писателот Петер Хандке, добитник на Нобеловата награда за литература.

Србија ве смета за вистински пријател. Дозволете ми да кажам дека Нобеловата награда за вас, ја сметаме како да сме ја добиле самите ние. Сега, освен Иво Андриќ, имаме уште еден нобеловец – истакна Вучиќ.

Вучиќ исто така истакна дека Хандке е награден со Нобел за „извонредната литературна работа, знаење и креативност“, но и за „неспоредливи морални квалитети, храброст и достоинство“.

Хандке Нобеловата награда за 2019 година ја прими денеска.

Церемонијата во Стокхолм беше бојкотирана од неколку земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Хрватска, Турција и Македонија, поради неговите ставови кон војните на просторите на поранешна Југославија и поддршката која му ја даваше на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ.

Фото: EPA/Henrik Montgomery/POOL

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...