Италијанските власти во Бриндизи запленија 334 килограми дрога и уапсија еден албански државјанин.
Според албанската полиција дрогата е заплената во рамки на заедничката акција „Аеро-навал“ што ја реализирале полициите на двете земји.
Пловниот објект го забележала албанската полиција по што ги информирала своите италијански колеги. Во италијанските територијални води бил следен од патроли на „Гуарда ди финанца“, кои пловниот објект го запрела на брегот кај Бриндизи.
По подетална контрола пронајдени се 186 пакувања со 310 клограми марихуана и 24 кг хашиш. Доколку дрогата би се нашла на наркопазарот нејзината вредност се проценува на четири милони евра.
Во операцијата е уапсен 32-годишниот албанскиот државјанин Ф.И