Протести во Чешка: Оставка од Бабиш, да врати 18 милиони евра дотации

Втор повод за протестот е протекувањето во јавност на заклучокот од доверливиот извештај на ревизорот на ЕК дека Бабиш има судир на интереси, бидејќи и понатаму има контрола над својот концерн „Агроферт“.

280

Десетици илјади Чеси вечерава протестираат во центарот на Прага барајќи оставка од премиерот Андреј Бабиш и да врати 18 милиони евра дотации, што Европската Унија ги бара назад од Чешка, по извештајот од ревизорот на Европска комисија, во кој се наведува дека премиерот има судир на интереси.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“, која организира протести против Бабиш од пролетта, вечерава организира вонреден протест затоа што врховниот државен обвинител, минатата недела го обнови кривичното гонење против Бабиш, што беше стопирано пред неколку месеци поради малверзации со два милиона евра дотации за семејната фирма „Гнездото на штркот“.

Втор повод за протестот е протекувањето во јавност на заклучокот од доверливиот извештај на ревизорот на ЕК дека Бабиш има судир на интереси, бидејќи и понатаму има контрола над својот концерн „Агроферт“.

Според полицијата во протестот учествуваат околу 30.000 луѓе, додека според организаторот – 80.000.

Граѓанската иницијатива „Милион моменти за демократија“ планира од следната недела да ја повика опозицијата да се придружи на протестите

Фото: EPA/MARTIN DIVISEK

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...